Од МВР информираат за караница меѓу двајца гостиварци, која ескалирала, при што едниот го нападнал другиот со моторна пила.
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.А.(33) и И.А.(64) од с.Лакавица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 22.10.2026 во атар на с.Лакавица, во имот на А.Н. од Гостивар, по претходна расправија, првопријавениот се обидел да го нападне А.Н. со моторна пила, по што бил физички нападнат од второпријавениот, кој употребил и дрвен предмет, информираат од МВР.






