Вчера (13.01.2026) во 11:20 часот во СВР Тетово, 44-годишник од Тетово пријавил дека бил измамен од едно лице од гостиварско за сума од 2.000 евра.
Како што се наведува во полицискиот билтен, според пријавеното, во јули 2024 година тој стапил во контакт со лицето и се договориле да му посредува за документи во странство, по што ги дал парите на неговиот внук.
Како што е пријавено, откако не ги добил документите, а ниту му биле вратени парите, сфатил дека бил измамен и го пријавил случајот.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.









