Иако Google Wallet и претходно нудеше основни информации за летот, како време на качување и промени на излезот, новата функција дополнително ја проширува функционалноста со воведување следење на летот во реално време директно на почетниот екран.
Google започна со воведување нова функција во апликацијата Google Wallet која им овозможува на корисниците да го следат летот во реално време преку фиксирано известување на почетниот екран на уредот.
Станува збор за функција најавена уште во октомври, која дури сега почнува да се појавува кај корисниците со Android 16. За нејзино користење, потребно е претходно да се додаде авионската карта во Google Wallet.

Некои сигурно знаат дека Google Wallet и претходно нудеше известувања со информации како време на качување или промена на излезот, а со новата функција тоа се надградува – сега корисниците ќе можат на екранот да го видат проценетото време на пристигнување и текот на летот, вклучувајќи и информација за тоа колкав дел од патувањето е веќе поминат.
Со допир на известувањето, се отвора стандардната страница со картата, со линк до Google Flights на дното, кој се отвора како резултат од веб-пребарување.
Konekt.mk








