домаМакедонијаГолеми гужви на влез во Грција: Возачите чекаат со часови на граничниот...

Големи гужви на влез во Грција: Возачите чекаат со часови на граничниот премин Евзони

- Advertisement -spot_img

Почетокот на викендот повторно донесе зголемен интензитет на сообраќај кон грчките туристички центри, предизвикувајќи долги колони и повеќечасовни чекања на граничните премини меѓу Македонија и Грција.

Најголем метеж утрово е забележан на граничниот премин Евзони, каде што колоните од возила се протегаат сè до македонската страна на границата. Според сведочењата на патниците, за влез во Грција се чека и по неколку часа, а задржувањата дополнително се зголемуваат поради засилениот број туристи кои заминуваат на летен одмор.

Возачите велат дека сообраќајот се одвива бавно, а колоните постојано се зголемуваат, особено во утринските часови кога најголем број граѓани тргнуваат кон грчките плажи.

Надлежните препорачуваат патниците навреме да се информираат за состојбата на граничните премини и, доколку имаат можност, да го планираат патувањето надвор од шпиц-термините или да користат алтернативни гранични премини.

Со оглед на тоа што туристичката сезона е во полн ек, се очекува зголемениот интензитет на сообраќајот кон Грција да продолжи и во текот на наредните викенди, па се апелира до возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат сообраќајните правила и упатствата на граничните служби.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img