9.8 C
Skopje
7 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаГолема полициска акција во Скопје – се апсат дилери на дрога

Голема полициска акција во Скопје – се апсат дилери на дрога

- Advertisement -spot_img

Голема полициска акција на територијата на Скопје, насочена против организирана група која се занимавала со трговија со кокаин, неофицијално дознава „Вечер“.

Според информациите, акцијата се одвива во скопските населби Ѓорче Петров, Хром и Нерези, каде инспектори од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност извршиле упади на повеќе локации.

Целта е апсење на осомничени лица инволвирани во продажба и дистрибуција на наркотични супстанци.

Според првичните информации, станува збор за нова криминална група која делувала во западниот дел на главниот град.

Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјални детали, а повеќе информации за бројот на приведени и запленетата дрога се очекуваат во текот на денот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img