домаРегионГолем пожар избувна во БиХ, Хрватска испрати два канадера

Голем пожар избувна во БиХ, Хрватска испрати два канадера

- Advertisement -spot_img

Хрватската влада одобри испраќање два авиона „Канадер“ за помош на соседна Босна и Херцеговина во борба против шумски пожар што го зафати подрачјето помеѓу Купрес, Томиславград и Прозор-Рама. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ разговараше телефонски порано денеска со претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, која побара помош од Хрватска.

Одлуката им овозможува на персоналот на хрватските вооружени сили да ја преминат границата за да се приклучат на напорите за гаснење на пожарот, соопшти владата.

Пожарот се уште не е под контрола, а во текот на ноќта се прошири на нови области. Станува збор за голема и тешко достапна област, а силниот и променлив ветер го отежнува гаснењето.

Последиците од големиот пожар силно се чувствуваат во Хрватска. Голем дел од Далмација осамна под дебел слој чад и значително намалена видливост.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img