домаМакедонијаГолем дефект во Прилеп: Водоводна цевка ja поплави противпожарната единица

Голем дефект во Прилеп: Водоводна цевка ja поплави противпожарната единица

- Advertisement -spot_img

Голем дефект на водоводниот цевковод на улицата „Леце Котески“ утрово предизвика поплавување на дворот и дел од објектите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) во Прилеп. Екипи на ЈКП „Водовод и канализација“ и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од раните утрински часови се на терен и интензивно работат на лоцирање и санирање на проблемот.

Поплавувањето започнало околу 5:30 часот, а според првичните информации, најверојатно станува збор за дефект на главниот цевковод Ф-300 кој минува под улицата.

„Според нашите првични согледувања, најверојатно се работи за цевководот ‘300-тка’. Сепак, сè додека не се изврши целосен ископ на улицата, не можеме со сигурност да потврдиме за каков тип на оштетување станува збор“, изјави Катерина Димеска од ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп.

Водата од дворот и гаражите на противпожарната единица се испумпува со специјални пумпи со висок капацитет. Надлежните уверуваат дека засега нема материјална штета на противпожарните возила и опремата, иако водата стигнала до самите гаражи.

Јован Аврамоски, инспектор за заштита и спасување во ДЗС, појасни дека се користи моќна пумпа која испумпува до 1.800 литри вода во минута, додека проценетиот истек од дефектот е околу 1.500 литри во минута.

Дополнителен ризик при интервенцијата: Работите се одвиваат со зголемена претпазливост бидејќи во непосредна близина на цевководот се наоѓаат подземни електрични кабли на ЕВН.

Очекувања: Се предвидува нивото на водата постепено да опадне, по што ќе започне директната санација на дефектот.
Местото на настанот го посети и градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, кој побара трпение од граѓаните од околните населби кои привремено останаа без вода.

„Упатувам апел за разбирање до жителите кои живеат во околината на противпожарната единица. Екипите се максимално ангажирани на терен и штом дефектот ќе биде отстранет, водоснабдувањето веднаш ќе се нормализира“, изјави Проданоски.

Екипите на ЈКП „Водовод и канализација“ и ДЗС најавија дека нема да прекинат со работа и, доколку е потребно, ќе останат на терен и во текот на ноќта сè додека дефектот не биде целосно саниран.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img