домаСпортГладијатор Фајт од Штип со интензивни подготовки за Државното кикбокс првенство

Гладијатор Фајт од Штип со интензивни подготовки за Државното кикбокс првенство

- Advertisement -spot_img

Кикбокс клубот Гладијатор Фајт од Штип интензивни се подготвува за престојното Државното првенство во кикбокс, кое ќе се одржи на 1 март во Скопје.

Подготовките се реализираа под водство на главниот тренер Шенол Анасов, и пошникот тренерот Викторија Варадинова.

Според програмата за подготовки тренинзите се реализраат двапати дневно, наутро и навечер со висок интензитет и јасна структура. Како што истакнува тренерот Шенол Асанов за М Нет телевизија фокусот е ставен на усовршување на техниката, подобрување на кондицијата и издржливоста, техничка подготвеност и ментална стабилност и натпреварувачки карактер.

Секој тренинг е максимално искористен, а секој натпреварувач работи со целосна посветеност и дисциплина, подготвувајќи се да го даде најдоброто од себе на Државното првенство ни изјави Асанов.

Гладијатор фајт ќе настапи со повеќе натпреварувачи во дисциплината Кик Лајт во повеќе категории и во машка и во женска конкуренција.

Антонија Тасева ќе се натпреварува во категорија -60 и -65 килограми, Јован Јанковски во категорија -52 и -57 килограми. Во категорија -65 килограми ќе се натпреваруваат Андре Милошевска, Леонтина Миткова и Петра Долдурова.

Баже Јанев во -37 килограми, Михаил Јанев и Максим Иванов во минус 32 килограми. Димитар Иванов во минус 42 килограми. Потоа Жарко Стоилков во категорија плус 94 килограми, Пане Блажев плус 69 килограми, Зоки Михајловски во минус 57 килограми и Андреа Тасева во плус 47 килограми.

Како што дополнува Асанов овој тим тренира без изговори, се бори со срце и настапува со карактер. Фокусот е јасен, целта е поставена, а подготовките се во завршна фаза за настап на Државното првенство во кикбокс, кое е закажано за 1 март годинава, а ќе се одржува во Скопје.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img