домаМакедонијаГерасимовски и Зимбовска кандидати за претседател на скопска Апелација

Герасимовски и Зимбовска кандидати за претседател на скопска Апелација

- Advertisement -spot_img

Судиите Зоран Герасимовски и Лидија Зимбовска се кандидати за претседател на Апелацискиот суд Скопје. Судскиот совет денеска утврди дека нивните пријави се навремени и документацијата е комплетна, со што постапката за избор продолжува во следната фаза.

Герасимовски беше назначен за вршител на должноста претседател на судот на 30 јули, откако Мери Дика беше избрана за уставна судијка. Тогаш Советот одлучи да распише оглас за избор на претседател.

Советот ја прифати и пријавата на Танче Петревски, единствениот кандидат за претседател на Основниот суд Струга.

Денешните одлуки се однесуваат на исполнувањето на условите за продолжување на постапките, а изборот на претседатели допрва следува.

Претходно на денешната седница Судскиот совет избра претседатели на основните судови во Гостивар, Дебар и Свети Николе и ги усвои тримесечните извештаи за работата на судовите во периодот април – јуни 2026 година при што судовите на ниво на државата беа оценети како неажурни.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img