домаМакедонијаБрисел ја отвора својата економија за земјите-кандидатки

Брисел ја отвора својата економија за земјите-кандидатки

- Advertisement -spot_img

Брисел ја подготвува досега најдрастичната промена во својата политика за проширување. Според нацрт-предлогот на Европската комисија, подготвен од главниот советник на шефицата на Европската комисија, а го објавија медиуми во Брисел, на земјите-кандидатки ќе им се понуди постепен пристап до единствениот пазар и до европските фондови уште пред официјалното пристапување.

Сепак, тоа би бил директно условено со целосно усогласување со надворешната политика на Унијата и со доследно почитување на демократските стандарди. Во пресрет на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Скопје, премиерот Мицкоски посочи дека има подготвеност за разговор, за да се најде трајно и одржливо решение.

За обвинувањата на опозицијата дека со неприфаќање на уставните измени го кочи евроинтегративниот пат, шефот на Владата, без коментар, бидејќи неколкупати досега го кажал неговиот став.

Од македонската Влада сè погласно се испраќа порака дека долгогодишниот застој во односите со Бугарија не може бесконечно да се решава само како билатерално прашање, туку дека е потребна поактивна улога на Европската Унија. Потребни се и гаранции оти евентуалното исполнување на сегашните услови нема подоцна да биде проследено со нови барања што би го блокирале процесот.

Како што наведуваат медиуми во Брисел, со нацрт-документот, како дел од пакетот мерки за некои земји-кандидатки се најавуваат „патокази“, дизајнирани да го забрзаат процесот на приклучување во наредните години, а за други, се нагласува дека процесот се одолговлекува, со растечки стравувања дека ќе се оттргнат или ќе гравитираат поблиску до Русија или Кина.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img