8.8 C
Skopje
7 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаГерасимовски: Бадник е ден кога ја негуваме традицијата и си подаваме рака...

Герасимовски: Бадник е ден кога ја негуваме традицијата и си подаваме рака едни на други

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на традиционалната прослава пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски” упати порака за заедништво, солидарност и хуманост по повод Бадник и Божик.

„Во овие мигови да се потсетиме што си значиме и да си подадеме рака. Да помогнеме таму каде што е најпотребно. Верата и надежта да ни помогнат да се сплотиме и да станеме посилни”, порача Герасимовски.

Тој изрази благодарност до „Здружението за традиционална прослава на Бадник” за одличната организација и посветеноста во чувањето и негувањето на бадникарските обичаи.

Со здравица и желба за среќни и радосни празници, на скопјани им се обратија новиот бадникарски кум Зоран Кондратенко и здравичарот Јаков Дренковски.

Во присуство на поглаварот на Македонската православна црква Охридска архиепископија, г.г. Стефан, беше извршен чинот на примопредавање на Бадникарскиот ќуп и се освети кумовата погача.

На присутните им беа поделени осветени дабови гранчиња, кои претставуваат симбол на сила, долговечност и издржливост.

Општина Центар и понатаму ќе ја поддржува бадникарската традиција како вредност што ги обединува граѓаните и го чува духот на празникот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img