Поедноставената верзија на Gemini пристигнува на поевтините Android телефони и го заменува досегашниот Google Assistant Go.
Новата верзија на AI асистентот на Google за мобилни телефони со најмалку 2 GB RAM, Gemini Go официјално пристигнува на уредите кои работат на Android Go.
За оние кои не знаат, Android Go е развиен за уреди со ограничени хардверски ресурси, односно помала количина на простор за складирање, RAM и процесорска моќност. Бидејќи минималното барање од 2 GB RAM беше воведено уште со Android 13 (Go Edition), голем број постоечки уреди ги исполнуваат условите за користење на Gemini Go.

Корисниците ќе можат да го започнат разговорот со Gemini Go со држење на копчето Home или, на поддржаните уреди, со држење на копчето за вклучување. Исто како и стандардниот Gemini, новата верзија може да извршува низа секојдневни задачи, вклучувајќи упатување повици, праќање пораки, поставување аларми, креирање настани во календарот, репродукција на мултимедијални содржини, како и пребарување локации како ресторани и полначи за електрични возила.
Освен тоа, Gemini Go поддржува и прикачување документи, фотографии и други датотеки, со цел вештачката интелигенција да има повеќе контекст за време на разговорот и да обезбеди попрецизни одговори.
Google наведува дека Gemini Go се воведува постепено, поради што корисниците на компатибилните уреди би можеле да почекаат уште неколку недели додека да им стане достапен.








