Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски, го одреди стартниот состав за дуелот против Швајцарија во Лигата на нации, што стартува за еден час на Националната арена „Тодор Проески“. Ќе нападнеме со Бојан Миовски и Елмин Растодер, ќе дебитира Матеј Гаштаров, а во средниот ред се и Елиф Елмас, капитенот Енис Барди и Тихо Костадинов.
Во одбраната се Бојан Илиевски и Себастијан Херера на странични позиции и Висар Муслиу и Ѓоко Зајков, на голот е очекувано Столе Димитриевски.
Нема изненадувања и кај Швајцарците, на голот е Кобел, капитен е Мануел Аканџи во отсуство на Џака, а во средниот ред се Јашари, Фројлер…Најистурен во нападот е Манзамби.






