Пратениците утре сами да се снајдат како ќе дојдат на работа откако ССМ најави блокада пред законодавниот дом каде ќе ги испратат барањата за зголемување на минималната плата .
Собранискиот спикер Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите посочи дека правото на протест е загарантирано но и дека народните избраници мораат да си ја работат својата работа исто како и МВР кое е задолжено за безбедноста и одржување на јавниот ред и мир .
– МВР прави проценки како треба да се реагира, претставници на кабинетот имаа средба со нив. МВР ги презема сите мерки и се надеваме дека ќе биде мирно и како што треба. Во врска со присуството на пратениците пак на утрешната закажана седница на денешната коорединација се договоривме сите координатори да разговараат со пратениците да најдат начин да дојдат на седница, без да го попречиме правото на протест на граѓаните. Не верувам дека некој со кола би дошол, дали ќе дојдат пеш или порано, не знам како ќе биде. Се договориме дека ние треба да продолжиме да работиме, а исто така ќе го почитуваме правото на протест.
Гаши пак не конкретизираше дали се согласува со барањето на синдикатот за зголемување на платите но и дали треба да се намалат функционерските само додаде дека е потребно нивелирање на платите во зависност од договорноста и функцијата .
– Начелно, сите се бориме за благосостојба на граѓаните. Тоа е прв приоритет но не може да се реши само со зголемувањето на платите. Тоа да зависеше од мене, веднаш би ги покачил платите. Тоа е комплексно прашање. Треба да се земе предвид целата економска слика. Мислам дека треба да се направи нивелирање на платите по приоритет, да определиме кои функции се најбитни за државата. Од таму да одиме – претседател на државата, на Собрание, премиер, пратеник, директори итн …
Во собранието за утре е закажана седнциа со почеток во 11 часот на која има неколку точки на дневен ред за кои пратениците ќе треба да дискутираат.








