10.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаФункционерите на летен распуст: Кој ќе ужива на плажа, а кој остана...

Функционерите на летен распуст: Кој ќе ужива на плажа, а кој остана во канцеларија

- Advertisement -spot_img

Додека политичкиот живот во Македонија привремено се смирува по прославата на Илинден, македонските функционери започнаа со своите летни одмори – некои веќе заминаа на егзотични дестинации, некои сè уште немаат одлучено, а дел целосно се откажаа од одмор и остануваат да работат и во август.

Премиерот Христијан Мицкоски летово ќе одмора во Хрватска. Од неговиот кабинет потврдуваат дека тој ќе користи само неколку дена одмор, по што се враќа на обврските со полн капацитет.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски моментално се наоѓа во Турција со семејството, додека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски избра да ги помине летните денови во Црна Гора.

Министерката за енергетика Сања Божиновска, пак, ќе патува во Прага на свој годишен одмор.

Спротивно на нив, некои министри сè уште не знаат каде ќе летуваат, но планираат да одморат неколку дена. Одмор без дестинација – уште трае размислувањето.

Од друга страна, има и такви кои воопшто нема да одат на одмор. Весна Јаневска, министерката за образование, останува во Скопје и продолжува со работните активности, додека министерот за здравство Азир Алиу целосно се откажува од годишен одмор, фокусирајќи се на тековните ангажмани.

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова не е на класичен одмор, но работи од Охрид, каде што престојува во претседателската вила. Од таму продолжува со официјалните активности, и ако затреба, подготвена е веднаш да се врати во Скопје.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, засега не планира одмор. Тој во следните денови треба да ги распише локалните избори, а до тој момент останува целосно ангажиран.

Овие летни денови се последна шанса за функционерите да здивнат пред жешката политичка есен – на почетокот на октомври стартува првиот круг од локалните избори, па владините претставници и пратениците ќе влезат во кампањски мод, поддржувајќи ги кандидатите и листите на своите партии.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img