Повеќе од 200 луѓе, вклучувајќи и десетици странски туристи, се итно евакуирани откако голем шумски пожар избувна на западниот брег на езерото Гарда, една од најпознатите туристички дестинации во северна Италија. Како што пренесува ДПА, пламените јазици сериозно ја загрозиле територијата на општината Тињале, што ги крена на нозе спасувачките служби кои превентивно евакуираа неколку локални одморалишта во оваа област.
https://x.com/rtl1025/status/2086067409434087779
Според противпожарната служба, пожарот се проширил брзо синоќа во планинската област над брегот на езерото. Утрово, многу екипи продолжија да се борат со пламените јазици, но во моментов пожарот сè уште не е под контрола.

„Напорите во моментов се фокусирани на локализирање на пожарот и заштита на неколку станбени згради“, соопшти противпожарната служба.
https://x.com/Nighttiger1/status/2086092699937964175
Во справувањето со пожарот се вклучени противпожарни авиони и хеликоптери. Италија со недели е зафатена од топлотен бран, при што температурите во некои области надминуваат 40 степени Целзиусови.

Речиси во сите поголеми градови во земјата моментално има црвено предупредување поради здравствени ризици поврзани со екстремната топлина. Во исто време, нивото на реката По, најдолгата река во Италија, значително се намали.






