домаМакедонијаФилипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава...

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

- Advertisement -spot_img

Денес одбележуваме 35 години од историската одлука на македонските граѓани за независна, суверена и демократска држава. Нашата државност не започна во 1991 година, создавана е низ генерации, преку историски, политички и револуционерен континуитет. Од идеалите на Илинден, преку одлуките на АСНОМ со кои беше втемелена македонската државност, до референдумот на 8 Септември и одлуката да продолжиме по патот на независноста, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче по повод 8 Септември.

„Секоја генерација имала своја историска улога.

Илинденската генерација ги постави темелите на борбата за слобода. АСНОМската генерација ја оствари таа цел и ја втемели македонска државност.

Генерацијата од 1991 година се избори за независна држава, избирајќи го мирот во време на војни, и ја започна тешката битка за меѓународно признавање.

Генерациите потоа решаваа тешки спорови и остварија една од клучните стратешки цели поставени уште од независноста – членството на Македонија во НАТО, го отворија патот кон Европската Унија и го обезбедија македонскиот јазик и идентитет.

СДСМ е дел од тој државотворен континуитет – активен учесник во создавањето и развојот на современата македонска држава, во борбата за независност по мирен пат, меѓународното признавање, членството во НАТО и европската интеграција.

Но денес, кога славиме 35 години независност, мора да гледаме пред сè напред – кон годините и децениите што доаѓаат“.

Нашите предци, додава Филипче, се бореа да имаме своја држава. Оваа наша генерација, оценува тој, има обврска да се избори нашите деца да сакаат да живеат во неа, да се избори за Европска Македонија.

„Затоа што државата е и секојдневниот живот на луѓето, на нашите деца и внуци. Државата е во создавањето можности родителите достоинствено да го издржуваат своето семејство, младите да создадат дом, а повозрасните да имаат мирна и достоинствена старост. Работниците да живеат од својот труд, достоинствено , без страв дали ќе им стигне платата до први.

Да изградиме економски силна, европска држава, со подобар животен стандард, во која училиштата ќе се полнат со деца, наместо да се празнат, а младите своите соништа и својата иднина ќе ги гледаат тука, дома.

Да изградиме европска држава со систем што функционира и правда што важи еднакво за сите.

Да изградиме европска Македонија во која младите ќе можат да создадат дом и семејство, да имаат достоинствена работа, да успеваат со знаење и труд и да имаат европски можности дома.

Тоа е нашата генерациска задача. Да ја продолжиме македонската државотворна линија – со заедништво, со достоинство, и со јасна визија за иднината во Европа“, вели Филипче.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img