Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави силна парламентарна блокада на измените на Изборниот законик, обвинувајќи ја власта дека подготвува закон кој може да создаде простор за изборни манипулации.
„Наскоро граѓаните ќе видат како изгледа криминален закон. Нема да дозволиме изборна кражба“, порача Филипче.
Тој најави дека пратеничката група на СДСМ има подготвено 10.000 амандмани со кои ќе се обиде да го спречи донесувањето на законот во предложената форма.
Од СДСМ бараат изборните правила да се носат со широк политички консензус и да обезбедат еднакви услови за сите учесници на изборите.








