-0.2 C
Skopje
22 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаФилипче ќе го објави новиот состав на СДСМ

Филипче ќе го објави новиот состав на СДСМ

- Advertisement -spot_img

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска најави дека ќе биде познат составот на новото партиско раководство, откако на почетокот на декември целото дотогашно раководство поднесе оставка на негово барање, освен самиот партиски лидер.

Новите раководни лица треба да бидат потврдени на денешната седница на Централниот одбор. Во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ, Филипче изјави дека списокот со имињата е веќе подготвен и дека новиот состав ќе биде комбинација од искусни кадри и помлади членови.

Тој потврди дека Александар Саша Димитријевиќ ќе ја задржи функцијата генерален секретар, додека за потпретседател е предложен Александар Трајановски, ортопед и поранешен кандидат за градоначалник на општина Аеродром.

Филипче посочи дека еден од најголемите предизвици при формирањето на тимот е обезбедување генерациска рамнотежа, нагласувајќи дека искуството и подмладокот мора да одат заедно.

„Важно е искусните членови да знаат дека не се занемарени и дека имаат простор да го пренесат своето знаење на помладите“, изјави тој, додавајќи дека таков тим ќе биде официјализиран токму денеска.

Во однос на критиките зошто не поднел оставка по изборниот пораз, Филипче одговори дека функцијата претседател ја презел неодамна и дека токму затоа смета дека има одговорност да го води процесот на внатрешна реорганизација.

По оставките на 2 декември, од СДСМ порачаа дека со тој чекор се отвора простор за кадровско освежување, организациско зајакнување и нова енергија во партијата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img