12.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаФФМ без компромиси: доживотна суспензија за фудбалерите кои го нападнаа противничкиот голман

ФФМ без компромиси: доживотна суспензија за фудбалерите кои го нападнаа противничкиот голман

- Advertisement -spot_img

Фудбалската федерација на Македонија изрече доживотна суспензија за двајца фудбалери на ФК Беса Слупчане, поради физички напад врз противнички играч по завршување на натпреварот со ФК Аеродром во рамки на 8. коло од Третата лига – Север.

Како што информира ФФМ, дисциплинскиот комесар донел одлука за доживотна забрана за настап за Орхан Демири (32) и Ердин Арифи (18) од Беса, поради физички напад и обид за линч на противничкиот голман.

Клубот од Слупчане доби и дополнителни санкции – суспензија на домашниот терен на 10 натпревари и парична казна согласно Дисциплинскиот правилник на федерацијата.

„Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува секој облик на насилство на фудбалските терени и ќе продолжи со доследна примена на сите дисциплински прописи, со цел заштита на интегритетот на натпреварите и безбедноста на сите учесници во фудбалот. Во фудбалот нема место, ниту милост за оние што тепаат и го нарушуваат угледот на спортот“, стои во соопштението на ФФМ.

Инцидентот се случил по завршувањето на натпреварот, во кој гостинскиот тим Аеродром славеше со 2:1 во Слупчане. Министерството за внатрешни работи потврди дека двајцата фудбалери биле приведени веднаш по нападот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img