Од 2022 до април 2026 година, Украина доби само околу 180 милијарди евра од 400-те милијарди евра воена и друга помош ветени од институциите на ЕУ и нејзините земји-членки, според извештаите на медиумите.
Новата обврска од 140 милијарди евра, содржана во декларацијата усвоена по самитот на НАТО во Анкара, има за цел да ѝ обезбеди на украинската војска сигурност во планирањето, но и да испрати порака до Москва дека поддршката за Киев не ослабува и дека треба да размисли за преговори наместо за продолжување на борбените операции.
Од 70-те милијарди евра ветени на Украина за оваа година, помалку од половина – 30 милијарди евра – ќе бидат обезбедени преку заемот на Европската унија договорен на декемврискиот самит. Вкупната вредност на заемот ќе биде 90 милијарди евра, но ќе биде распределен во текот на две години, при што само две третини од средствата ќе бидат достапни за воени цели.
Според извештаите на медиумите, ова значи дека 32-те членки на НАТО ќе мора да ги обезбедат преостанатите 40 милијарди евра. Алијансата признава дека се потребни дополнителни финансиски средства за исполнување на своите обврски.
Според проценките на економските експерти, Европската Унија испорачала воена помош на Киев во вредност од околу 10 милијарди евра од јануари до април 2026 година. Најголеми донатори се сè уште Германија, која издвои пет милијарди евра, и Обединетото Кралство, кое испрати две милијарди евра во Украина во истиот период.






