Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска ќе пристигне во Скопје да разговара за патот на земјата кон ЕУ и напорите за реформи, со фокус на спроведувањето на агендата за реформи во рамките на планот за раст за Западен Балкан. До денес земјата доби 142,1 милиони евра во рамките на Инструментот за реформи и раст по напредокот во спроведувањето на клучните реформи.
За време на посетата комесарката Кос ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Предвидено е тие да одржат тет-а-тет средба, а потоа ќе се одржи билатерална средба со владини претставници. Кос и Мицкоски предвидено да се одржат заедничка прес-конференција во Владата.






