HomeРегионЕвакуирани училишта и трговски центри во Сараево

Евакуирани училишта и трговски центри во Сараево

- Advertisement -spot_img

Два од најголемите трговски центри во Сараево мораа привремено да бидат затворени денес откако полицијата добила пријави за поставени експлозивни направи, потврди Министерството за внатрешни работи во Сараевската жупанија.

Saraevo City Center (SCC) и Алта, обете во самиот центар на градот и во близина на седиштето на државниот парламент и Советот на министри на Босна и Херцеговина, беа евакуирани во утринските часови, а полициски екипи беа испратени да ја проверат ситуацијата на терен.

Анонимните испраќачи навеле дека во SCC е поставен еден килограм експлозив, а во Алта е поставен уред со два килограми експлозив, со далечински управуван детонатор.

Како што потврди за локалните медиуми портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Сараевската жупанија, Мерсиха Новалиќ, закани за бомби пристигнале преку е-пошта на адресите на полицијата и некои медиуми.

Закани добиле и најмалку четири основни и средни училишта. Според пишувањето на локалните медиуми, учениците се евакуирани, а полицијата спроведува контрасаботажна инспекција.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img