домаСветЕУ со нови правила за проширување

ЕУ со нови правила за проширување

- Advertisement -spot_img

ЕУ со нови правила за проширувањето..Пет земји-членки предлагаат сет на мерки кои би служеле како заштитен механизам и би се вградиле во идните договори за пристапување.. Според заедничкиот документ на Германија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург , до кој дојде ТВ 24, се предлага привремено ограничување на одредени гласачки права за државите кандидати …Ова особено би важело за делови од европското законодавство каде што во моментов е потребна согласност од сите земји членки…

„ЕУ треба да спроведе темелна дискусија за можноста за привремени, преодни ограничувања на правото на глас на новите земји-членки, особено во областите од правото на ЕУ каде што е потребна едногласност (на пример, во одредени аспекти на проширувањето, заедничката надворешна и безбедносна политика и повеќегодишната финансиска рамка ), при што треба соодветно да се земат предвид правните и политичките чувствителности. “

Истовремено, се предлага и нов механизам за следење на состојбите, како и заштитна клаузула која би му овозможила на Брисел да преземе мерки доколку нова земја членка покаже сериозно назадување ..Потписниците на документот сметаат и дека учеството во Европското јавно обвинителство треба да биде политички предуслов за пристапување на новите земји-членки…

„Клаузула за незадназадување – кодифицирана како обврзувачка норма, која ќе забранува назадување во однос на вредностите на ЕУ, вклучително и почитувањето на владеењето на правото по пристапувањето. Во случај на (потенцијално) прекршување, автоматски би следела примена на, на пример, финансиските инструменти на ЕУ поврзани со владеењето на правото, постапката за повреда на правото на ЕУ и нова заштитна клаузула, во зависност од конкретната ситуација;

„Заштитна клаузула – која се проширува надвор од областите опфатени со претходните договори за пристапување – за да овозможи преземање заштитни мерки во случај на сериозни недостатоци или назадување во соодветната земја-членка во заштитата на вредностите на ЕУ, вклучително и почитувањето на владеењето на правото, демократските принципи и слободата на медиумите. “  

ова нон пејпер доаѓа неколку дена по Германско – Францускиот предлог за постепен прием на државите од Западен Балкан во Европската Унија.. Во заедничкиот документ на  Фридрих Мерц и Емануел Макрон, се наведува дека со новиот пристап, ќе се намалат прекумерно формализираните пречки и ќе се поедностави сегашната методологија – односно ќе се спојат одредени процедурални чекори…

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img