7.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeСветЕУ повикува на почитување на прекинот на огнот во североисточна Сирија

ЕУ повикува на почитување на прекинот на огнот во североисточна Сирија

- Advertisement -spot_img

Европската Унија ги повикува сите страни да го почитуваат прекинот на огнот меѓу сириските транзициски власти и курдските Сириски одбранбени сили и да постигнат сеопфатен договор за да се обезбеди пристап до хуманитарна заштита на цивилите и деескалација на состојбата во североисточна Сирија, порача портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Ануар Ел Ануни.

– ЕУ продолжува силно да ја поддржува инклузивната политичка транзиција во Сирија, почитувајќи ги и заштитувајќи ги правата на сирискиот народ, истакна Ел Ануни.

Тој додаде и дека ЕУ внимателно ја следи состојбата околу безбедноста на логорите и другите притворски установи и ги повикува сите страни да придонесат за нивната сигурност.

– Во исто време, остануваме посветени на борбата против Исламската држава во рамките на глобалната коалиција и ја поздравуваме ирачката подготвеност да ги прифати затворените членови од ИД од Сирија, додаде портпаролот на ЕК.

Според Ел Ануни, ЕУ изразува голема безбедносна загриженост поради можноста од движење на странски терористички борци, особено оние поврзани со ИД, кои се наоѓаат во североисточна Сирија кон Европа.

– Од тој аспект, внимателно ја следиме ситуацијата, вклучително и со трансферот на преостанатите притворени борци, меѓу кои и странските терористички борци во Ирак, нагласи Ел Ануни.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img