домаСветЕпидемијата на ебола во Конго се шири, потврдени речиси 7.900 случаи

Епидемијата на ебола во Конго се шири, потврдени речиси 7.900 случаи

- Advertisement -spot_img

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго продолжува да се шири, при што заразата досега е регистрирана во 63 здравствени зони во седум од вкупно 26 провинции, според најновите податоци на Светската здравствена организација (СЗО).

Најнови случаи се потврдени во Булу во провинцијата Суд Убанги и во Дунгу во провинцијата О-Уеле, во близина на границата со Јужен Судан.

Според податоците заклучно со 23 септември, во земјата се потврдени 7.890 случаи, од кои 3.799 лица починале, што претставува смртност од околу 48 отсто меѓу потврдените случаи. Оздравеле 1.966 пациенти.

Најпогодена е провинцијата Итури со 6.032 потврдени случаи, а Северен Киву има 1.480 случаи, со стапка на смртност од речиси 60 отсто.

Епидемијата беше прогласена на 15 мај и е 17-та епидемија на ебола во Демократска Република Конго откако вирусот беше идентификуван во 1976 година. Актуелната епидемија ја предизвикува вирусот Бундибугио.

СЗО предупредува дека вооружените конфликти, несигурноста и раселувањето на населението дополнително ја отежнуваат борбата против еболата. Поради тоа, здравствените работници имаат ограничен пристап до дел од погодените подрачја, што го отежнува пронаоѓањето на заразените и следењето на нивните контакти.

Заклучно со 23 септември, под здравствен надзор биле повеќе од 32.000 контакти на заразени лица, а во претходните 24 часа биле проверени околу 27.000.

СЗО ризикот во Демократска Република Конго и натаму го оценува како многу висок, додека за соседните земји ризикот е оценет како висок. Засега организацијата не препорачува ограничувања на патувањата или трговијата со погодените земји.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img