домаШоубизEMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

- Advertisement -spot_img

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од Бистер до големите сцени во Лондон и Оксфорд.
Даријан настапи на 16 септември во The Clapham Grand – London, а на 18 септември во Oxford Town Hall, заедно со ЕМИГРАНТИ и „КАКО БРАЌА“.

Посебен момент од овие настапи е појавувањето на татко и син на иста сцена, на ист бит и во иста авторска песна. Како Македонци, со ова испишуваме едно посебно поглавје во нашата рап-приказна и веруваме дека создаваме момент што ќе остане запаметен.

Мини-документарецот ги прикажува патувањето, подготовките, настапите и моментите зад сцената во Лондон и Оксфорд.
Оригиналната песна „Татко и син / Father & Son“ веќе е снимена, а во моментов се завршуваат последните сцени од официјалниот видеоспот, кој исто така е во завршна фаза и ќе биде објавен наскоро.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img