12.8 C
Skopje
15 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаЕлмази и Хоџа на терен во Сарај – сите служби мобилизирани по...

Елмази и Хоџа на терен во Сарај – сите служби мобилизирани по поплавите во Буковиќ и Семениште

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Сарај Мухамед Елмази и министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа се на терен во општина Сарај, каде ја следат состојбата по обилните врнежи од дожд кои предизвикаа поплави во селата Буковиќ и Семениште и ја координираат реакцијата на институциите.

Тие заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али и министерот за европски прашања Беким Сали се на лице место, каде се преземаат мерки за справување со последиците и заштита на населението.

По пријавите за поплавени куќи, Центар за управување со кризи веднаш ги активирал сите надлежни служби и обезбедил координација на терен.

Екипи од пожарникарските служби од Скопје и Тетово вршат испумпување на водата од поплавените објекти и расчистување на критичните точки, додека ЈП Водовод и канализација – Скопје работи на стабилизација и прочистување на канализациската мрежа за да се спречат дополнителни излевања.

Паралелно, Дирекција за заштита и спасување врши проценка на штетите и обезбедува логистичка и техничка поддршка, во координација со локалните власти.

Од терен се порачува дека институциите делуваат координирано и интензивно, со цел што побрзо санирање на последиците, заштита на граѓаните и минимизирање на материјалната штета. Надлежните служби остануваат на терен сè додека состојбата целосно не се стабилизира.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img