домаМакедонијаЕкс претседателката на ДКСК – Татјана Димитровска доби казна една година затвор,...

Екс претседателката на ДКСК – Татјана Димитровска доби казна една година затвор, условно

- Advertisement -spot_img

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја осуди поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска на единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.

Судот ја прогласи Димитровска за виновна за оддавање службена тајна, за што ѝ утврди казна затвор од осум месеци, како и за компјутерски фалсификат, за што ѝ е утврдена казна затвор од шест месеци. За двете кривични дела изречена е една единствена казна затвор во времетраење од една година, која нема да се изврши доколку обвинетата во наредните три години не стори ново кривично дело.

Во истиот предмет, Судот го прогласи за виновен ревизорот Миле Столевски за кривичното дело компјутерски фалсификат. Нему му е изречена алтернативна мерка условна осуда, со која му се утврдува казна затвор од шест месеци доколку во рок од две години не стори ново кривично дело.

Tретообвинетата Билјана Петровска-Мантева е ослободена од обвинението, бидејќи Обвинителството не докажа надвор од разумно сомневање дека го сторила кривичното дело оддавање службена тајна.

Во образложението на пресудата, судечкиот совет наведе дека секое оддавање податоци и информации не само што го урива интегритетот на ДКСК туку претставува и повреда на службената должност.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img