домаСветЕкономската елита се собира во Вашингтон: Започнува пролетното заседание на ММФ и...

Економската елита се собира во Вашингтон: Започнува пролетното заседание на ММФ и Светска банка

- Advertisement -spot_img

Во Вашингтон денеска започнува пролетното заседание на Меѓународен монетарен фонд и Светска банка, кое ќе трае до 18 април и ќе собере носители на економските политики од целиот свет.

На состанокот учествуваат гувернери на централни банки, министри за финансии, претставници на приватниот сектор и експерти, кои ќе дискутираат за клучните предизвици на глобалната економија.

Главниот фокус е ставен на стабилизацијата на економскиот раст во услови на геополитички тензии, како и на влијанието на новите технологии врз економијата. Посебно внимание ќе се посвети на конфликтите на Блискиот Исток и нивното влијание врз цените на енергенсите и инфлацијата.

Дополнително, учесниците ќе разговараат за улогата на вештачката интелигенција во продуктивноста и пазарот на труд, како и за одржливо финансирање и климатските предизвици.

Се очекува и објавување на клучни извештаи, меѓу кои и прогнозите за глобалната економија, инфлацијата и каматните стапки, што ќе даде насока за економските политики во наредниот период.

Пролетното заседание се смета за еден од најважните глобални економски настани, на кој се креираат насоките за справување со кризите и за поттикнување на економскиот развој на глобално ниво.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img