7.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаЕК закажа состанок со министрите од Западен Балкан за проблемите на превозниците

ЕК закажа состанок со министрите од Западен Балкан за проблемите на превозниците

- Advertisement -spot_img

Европската комисија за следната недела закажа состанок со министрите од шесте земји од Западен Балкан за прашањата што ги иницираа транспортерите од регионот, кои изминатите денови ги блокираа граничните премини кон шенген-зоната, најави денеска портпаролот на ЕК за внатрешни работи Маркус Ламерт.

-Свесни за загриженоста што ја изразија транспортните оператори од Западен Балкан, внимателно ја следиме ситуацијата и во контакт сме со нашите партнери во регионот. Во средата се одржа средба меѓу Комисијата и амбасадорите на шесте земји од Западен Балкан во ЕУ, а за следната недела е закажан и дополнителен состанок со министрите од овие засегнати земји – рече Ламерт.

Тој нагласи дека Европската комисија е целосно посветена на прашањата што ги иницираа превозниците, па оттаму и со вчера објавената стратегија за визите се предвидува тесна соработка со земјите членки „за да идентификува прагматични решенија, што може да се осигурат безбедност и економска корист за ЕУ, како и правна јасност за патниците.

-Врз основа на размислувањата, ќе се разгледа и воведување ново законодавство со специфичен сет правила за продолжен кус престој на ниво на ЕУ – додаде Ламерт.

На новинарско прашање кога би можеле да се очекуваат овие нови правила, Ламерт одговори дека засега не би можел да даде никаква временска рамка.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img