домаМакедонијаЕК крои нови предлози за реформа на проширувањето

ЕК крои нови предлози за реформа на проширувањето

- Advertisement -spot_img

Европската Комисија крои нови предлози за реформа на проширувањето – ќе ги стави на маса пред лидерите на ЕУ, на самитот во октомври. Ова го објави „Еуроњуз”, повикувајки се на тројца претставници на ЕУ.

Според нив, проширувањето е на врвот на агендата на Унијата, поради Црна Гора која е се поблиску до финалната фаза за членство. Порачуваат дека ЕУ-членките, се подготвуваат за стратешка дебата на Самитот на есен, а Комисијата интензивно работи на предлози за да ја врати иницијативата, водечката улога во дебатата, како и да избегне губење на контролата врз процесот.

Портпарол на Европска комисија за „Еуроњуз“ : Видовме придонеси на темата од неколку земји-членки. Комисијата, исто така, работи на ова прашање. Со нетрпение ја очекуваме претстојната стратешка дискусија за проширувањето и реформите на состанокот на EUCO ( Самитот на Европскиот Совет ) во октомври оваа година. Размислуваме за тоа како би можеле да се осмислат заштитните мерки во идните договори за пристапување. Целта е едноставна: да се обезбеди дека обврските преземени за време на преговорите, особено оние поврзани со „фундаменталните“( кластер 1), ќе бидат исполнети и по пристапувањето.

Од Европската Комисија се очекуваат посуштински предлози – за разлика од новата методологија, кога притисокот доаѓаше од Франција, сега тој доаѓа од повеќе земји-членки, велат експертите.

Според нив – на масата во Брисел се француско-германскиот нон-пејпер и документот на Бенелукс за ограничување на ветото и за механизми против уназадување на владеењето на правото. Порачуваат дека кандидатките мора да бидат свесни дека и самите членки бараат „гаранции“ за однесувањето на оние кои што ќе влезат.

Македонија, пак, да не остане нем набљудувач – советуваат експерите .

– Тука е нашиот предизвик, барем од овие предлози кои што сега излегоа, да видиме некој излез „ ако сакаме“ – без донесувањето на уставните измени. Но не би ги занемарила во никој случај дискусиите, како држава не можеме да стоиме како нем набљудувач, туку треба да ја искористиме онаа наша усогласеност, за која што говориме многу долго време, за да можеме да ги поддржиме аргументите – зошто ние би требало да бидеме една од тие држави на кои што би требало да им биде дозволена различна форма на постепена интеграција, изјави Симонида Кацарска од ЕПИ.

Според „Еуроњуз“, останува нејасно колку има политичка волја за поширока дебата за реформите, кои би можеле да бараат и измени на договорите на ЕУ, во тн. чувствителен период пред француските претседателски избори, каде е можна – тесна трка со кандидатот на екстремно десничарскиот Национален собир.

Пред една недела и бриселски „Политико“ објави дека ЕУ подготвува план – земјите-кандидатки да добијат дел од бенефициите од членството пред влезот во ЕУ, но без политички права и дека тоа е дел од стратегијата на Комисијата за „постепена интеграција“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img