Европската комисија е подготвена да ги прераспредели средствата за реформи за Западен Балкан во корист на земјите кои се водечки во процесот, објави Еуроњуз. Црна Гора, Албанија и Македонија се најнапредни во процесот на пристапување, благодарение на домашните реформски агенди.
Досега се ослободени околу 673 милиони евра од предвидените 6 милијарди. Корисниците имаат една година да ги исполнат условите пред средствата да бидат прераспределени.








