По смртта на дваесетмесечното дете во кичевската болница, од Здравствениот инспекторат велат дека по налог од министерот за здравство ќе почнат да вршат вонреден надзор и да го проверат третманот на детето – според информациите од кичевската болница, детето било донесено во многу тешка состојба и, покрај обидите за реанимација, лекарите не успеале да му го спасат животот.








