Пилотите на Дирекцијата за заштита и спасување денеска ги извршиле првите тренажни летови со противпожарните авиони „Ер трактор“ на Дирекцијата.
Како што соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, пилотите работеле на тестирање на маневри и оперативни процедури за брзо реагирање при појава на пожар на отворен простор.
Со тренажните активности, додаде тој, била проверена и потврдена ефикасноста и подготвеноста на екипажите, како и техничката исправност на трите авиони „ер трактор“ кои се во состав на Дирекцијата.








