ФК Брера Струмица продолжува да ја гради својата иднина врз сопствената школа. Струмичкиот прволигаш официјално објави дека младите таленти Игор Ристов и Бојан Велков ставија потпис на своите први професионални договори, испраќајќи силна порака дека довербата во младите останува клучна стратегија на клубот.
Осумнаесетгодишниот Игор Ристов, кој ги направи првите фудбалски чекори токму во академијата на Брера, потпиша тригодишен договор и веќе е приклучен на тренинзите со сениорскиот тим.
Со новиот статус, Ристов ќе има третман како професионален фудбалер, а воедно ќе има право на настап и за младинската екипа уште една сезона, што претставува дополнителна можност за негов континуиран развој.
Професионален договор доби и Бојан Велков, уште едно дете на клупската школа кое со труд и посветеност успеа да се избори за место меѓу сениорите. Од клубот потенцираат дека неговиот потпис е доказ дека системската работа со младите категории дава резултати и дека академијата останува темелот врз кој се гради идниот успех.
Во Струмица јасно ставаат до знаење дека патот до првиот тим не е затворен за младите – напротив, тој е отворен за сите што ќе покажат квалитет, дисциплина и карактер.
Потписите на Ристов и Велков се уште една потврда дека зелено-црните сериозно сметаат на својата генерација








