HomeМакедонијаДве мали деца се затруле со хемикалија во кумановско, пренесени на Детска...

Две мали деца се затруле со хемикалија во кумановско, пренесени на Детска клиника

- Advertisement -spot_img

Две деца на возраст од три и четири години се хоспитализирани откако се затруле со опасна течност која се користи за третирање на земјоделски култури. Случајот се случил во околината на Куманово и предизвикал вознемиреност кај локалното население.

Според информациите, случајот бил пријавен вчера околу пладне, кога дежурен лекар од Општата болница во Куманово ја известил полицијата дека две деца биле донесени со симптоми на труење. Се претпоставува дека тие дошле во контакт и консумирале течност наменета за земјоделска употреба.

Поради сериозноста на ситуацијата, лекарите веднаш реагирале и, иако децата првично биле во стабилна состојба, одлучиле да бидат пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување и следење.

Малите пациенти со возило на Итната медицинска помош биле транспортирани на Универзитетската клиника за детски болести, каде им е укажана соодветна медицинска нега и се преземаат мерки за детоксикација.

Од СВР Куманово информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои децата дошле во контакт со опасната хемикалија. Надлежните апелираат до граѓаните ваквите супстанции да се чуваат на безбедно место, недостапно за деца.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img