домаМакедонијаДве деца избодени со нож во Скопје за само еден ден, полицијата...

Две деца избодени со нож во Скопје за само еден ден, полицијата ги истражува нападите

- Advertisement -spot_img

Два одделни случаи на насилство меѓу малолетници со употреба на нож се случиле во текот на истиот ден во Скопје, при што повредени се 12-годишно и 15-годишно момче.

Според информациите, првиот инцидент се случил во населбата Шуто Оризари, каде 12-годишно дете било нападнато со нож од друг малолетник и завршило во болница со повреди. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Вториот случај е регистриран во Драчево, каде 15-годишник бил нападнат со остар предмет од врсници. И за овој инцидент полицијата презема истражни мерки за идентификување на сите учесници и утврдување на одговорноста.

Овие два нови случаи доаѓаат во период кога јавноста е силно вознемирена поради серијата инциденти со врсничко насилство во земјата, што повторно ја отвора дебатата за безбедноста на децата, навременото пријавување на насилството и улогата на институциите во неговото спречување.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img