Во 10:05 часот наутро, се случил судир помеѓу товарен воз на ХЖ Карго и патнички воз на ХЖ, во сударот има повредени неколку лица, а со најтешки повреди е машиновозачот на еден од возовите, јавуваат хрватските медиуми.
Од Хрватски железници објавија детали за несреќата.
„Денес во 10:05 часот, на линијата помеѓу станиците Свети Иван Жабно и Градец, се случи судир помеѓу товарен воз на ХЖ Карго и патнички воз на ХЖ Патнички Транспорт.
Според моментално достапните информации, има повредени, но нема смртни случаи. Во патничкиот воз имало околу 20 патници.
На местото на настанот се наоѓаат полициски и служби за итни случаи, како и други надлежни служби кои ги спроведуваат потребните активности. Поради несреќата, железничката пруга на наведената делница е затворена за сообраќај“, објавија тие.
Како една од можните причини за несреќата е наводно фактот што товарниот воз минал низ црвено светло.






