Полицискиот Билтен носи информации за два случаи на физичко насилство врз сопругите изминатите 24 часа во Охрид и околината.
На 17 ноември 2025 година, во 21:30 часот на регионалниот пат Охрид-Струга, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 61-годишно лице од охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се одбнесувал кон неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во друг случај, на 17 ноември 2025 година, во 16:40 часот на улицата „АСНОМ“ во Охрид, полициски службеници лишија од слобода 39-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно сеоднесувал кон неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






