домаХроникаДвајца Турци седум години тероризирале татко и син во Гостивар за злато...

Двајца Турци седум години тероризирале татко и син во Гостивар за злато и имот

- Advertisement -spot_img

Кривична пријава е поднесена против двајца турски државјани, со закани присилувале двајца гостиварци на финансиски дејствија на сопствена штета, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.

– Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Гостивар поднесе кривична пријава против Т.Д.(55) и З.Д.(54) од Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Пријавените, во континуитет, од 2019 до 2026 година, со закани присилиле 66-годишен жител на Гостивар и неговиот 41-годишен син да им предадат изработено злато со вкупна тежина од 43 килограми и 800 грама, при што незаконски, противправно и своеволно, им ја пресметале вредноста на златото како стопена суровина, а не како изработени производи со значителна поголема пазарна вредност. Исто така, пријавените со уцена и заканувачки пораки кон синот и семејството, во текот на февруари 2025 година го принудиле 66-годишникот да потпише преддоговор за купопродажба на недвижен имот, чија содржина не му била прочитана кај нотар во Гостивар – појаснија од МВР.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img