Двајца мажи се уапсени по инцидент во угостителски објект лоциран во општина Аеродром. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, тие физички нападнале пејачка и упатувале закани кон неа.
На 9 април 2026 година, во 02:13 часот, С.К. пријавил нарушување на јавниот ред и мир од страна на две лица во угостителскиот објект. Полицијата веднаш реагирала и излегла на местото на настанот, каде што пријавителот објаснил дека двајца мажи ја спречуваа пејачката да им пристапи, при што еден од нив се претставил како полицаец и физички ја нападнал.
Исто така, пријавителот посочил дека осомничените му упатувале закани и нему. Полицијата презела мерки и ги привела осомничените. Од слобода се лишени Љ.А. (35) и Н.Д. (40), двајцата од Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.








