1.8 C
Skopje
21 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаДвајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на автопатот Белград–Ниш

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на автопатот Белград–Ниш

- Advertisement -spot_img

Две лица, државјани на Македонија, го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на автопатот Белград – Ниш во Србија. Според информациите на српските медиуми, автомобилот во кој се превезувале излетал од патот.

Несреќата се случила кај клучката Умчари.

Според првичните и неофицијални информации, возилото марка „Сеат“ со германски регистарски ознаки изгубило контрола и излетало надвор од коловозот. Силината на ударот била фатална за патниците на предните седишта.

Од смачканиот автомобил биле извлечени телата на маж и жена – возачот и совозачот, за кои е потврдено дека се македонски државјани.

Во возилото имало уште едно лице, патник, кој го преживеал ударот, но се здобил со тешки телесни повреди и итно е пренесен во болница за укажување на лекарска помош.

Полицијата извршила увид на лице место, а истрагата е во тек за да се утврдат точните причини кои довеле до оваа трагедија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img