Нема економска оправданост за зголемување на минималната плата, вели министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Додаде дека очекува понатамошно намалување на инфлацијата но ако се покачат платите ќе има зголемување. Дурмиши вели дека ако се слушаат синдикатите да се зголемат платите дел од работодавачите ќе ги отпуштат работниците поради притисокот за повиска плата.
Од Сојузот на синдикати на Македонија на ставот дека платите на македонските работници се најниски во регионот. Синдикалците кои долго време инсистираат на покачување од 500 евра. Барањата ги темелат на потребата на работникот кој допринесува кон домашната економија да си овозмопжи достоинствен живот.
Инфлацијата во земјава, според Статистика, во октомври годинава во однос на октомври лани е зголемена за 4,5 проценти, а цените на мало пораснале за 2,8 отсто. Од извештајот може да се види дека зголемување на цените има во речиси во секој сегмент.









