HomeМакедонијаДУИ на 20 декември во Скопје ќе одржи партиски конгрес

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе одржи партиски конгрес

- Advertisement -spot_img

Демократската унија за интеграција на 20 декември ќе го одржи петтиот конгрес, кој, како што соопштија од партијата, ќе биде значаен момент за нејзино дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец.

Генералниот Совет на ДУИ денеска одржа седница на која, како што се посочува во соопштението од партијата, „се водеше широка расправа за актуелните политички случувања во земјата и динамиките поврзани со реформските процеси и предизвиците со кои се соочува државата во овој период“.

– Членовите на Советот ги анализираа стратешките насоки на внатрешната и надворешната политика, повторно потврдувајќи ја улогата на ДУИ како фактор на стабилност и како клучен партнер во евроатлантските процеси. Централниот дел од седницата беше посветен на подготовките за Петтиот Конгрес на Демократската Унија за Интеграција, значаен момент за дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец на партијата. Беше оценето дека Конгресот претставува клучен процес за политичката визија, зајакнувањето на внатрепартиските демократски механизми и подготовката на структурите за новите предизвици – наведуваат од ДУИ.

Во наредниот период, како што се најавува, ДУИ ќе ги интензивира организациските активности на сите нивоа, со цел конгресот да се одржи со целосна транспарентност, ефикасност и вклученост на сите делегати и партиски форуми.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img