Денес во 18 часот, во Музејот на современата уметност, кандидатот за Чаир, Бујар Османи, и светски познатиот архитект Мишел Ројкинд ја претставуваат „Визија Чаир 2040“, сеопфатен, храбар и трансформативен план за развој на Чаир.
За првпат во историјата, Чаир добива јасна и долгорочна визија, стратегија и план за развој што ја става потребата на граѓаните на прво место. Планот предвидува современа сообраќајна инфраструктура, нови плоштади, зелени паркови, јавни површини и безбедни простори за живеење, движење и дружење. Чаир добива иднина што му доликува.
Визијата е изработена во соработка со еден од најпознатите светски архитекти, мексиканскиот визионер Мишел Ројкинд и неговиот тим, чие искуство со урбани трансформации ширум светот сега се вградува во срцето на нашата општина.
Ова е само почетокот на новото поглавје за Чаир, со план што не само што ги решава клучните проблеми, туку ја враќа гордоста на нашето маало и му дава нова вредност и иднина.
Денес започнуваме заеднички да го сонуваме и да го градиме Чаир на иднината.









