Патувањата со службени возила за приватни цели им доаѓа крајот. Ова следува откако возилата на јавните служби почнаа да добиваат специјални црвени регистарски таблички. Според властите, ова е направено за граѓаните полесно да можат да пријават злоупотреби доколку официјалните возила се користат надвор од работното време или за партиски цели.
Од Службата за општи и заеднички работи на Владата информираа дека сите институции имаат рок до 15 септември да го спроведат ребрендирањето. Засега тоа не е законска обврска, барем до измените на законот.
Заменик-претседателот на Владата за добро владеење, Арбен Фетаи, изјави дека во последните две децении биле евидентирани бројни злоупотреби на службени возила за партиски активности и приватни патувања.









