8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаДржавната ревизија потврди илјадници бесправни градби и неисполнети обврски кон УНЕСКО

Државната ревизија потврди илјадници бесправни градби и неисполнети обврски кон УНЕСКО

- Advertisement -spot_img

Граѓанската иницијатива Охрид СОС соопшти дека најновиот извештај на Државниот завод за ревизија ги потврдува состојбите на кои со години укажуваат домашни и меѓународни организации, медиуми и истражувачки редакции, поврзани со урбанистичкиот хаос и бесправната градба во Охридскиот Регион.

Според ревизијата, за 11 населени места не се донесени урбанистички планови за село и за подрачја вон населено место, додека за уште девет населени места се донесени одлуки за изработка на планска програма, но тие сè уште не се усвоени.

Во дел од населените места се утврдени градби и градежни активности без одобрение за градење, вклучително и објекти за индивидуално домување и хотелски комплекси.

За бесправни објекти кои не ги исполнуваат условите за издавање урбанистичка согласност донесени се 4.847 решенија за одбивање, но не се преземени мерки за нивно отстранување, иако во периодот од 2019 до 2024 година овластените градежни инспектори издале 456 правосилни управни акти за нелегални градби.

Со тоа, како што посочува Охрид СОС, не е исполнета обврската од Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион (2020–2029), кој предвидува целосен инвентар и отстранување на бесправните објекти што претставуваат закана за исклучителната универзална вредност на регионот, особено во рамки на Националниот парк Галичица.

Ревизорскиот извештај утврдува и дека не е донесен урбанистички план за крајбрежниот појас од 50 метри од Охридското Езеро, како и дека за Годишната програма за поставување на урбана опрема за 2024 година не било обезбедено мислење од Управата за заштита на културното наследство.

Дополнително, во текот на 2024 година, 23 угостителски објекти користеле јавна прометна површина без одобрение и без платена комунална такса, при што одобренија издадени за период од три месеци биле користени во текот на целата година.

Од Охрид СОС предупредуваат дека ваквите состојби се во спротивност со препораките на Комитетот за светско наследство, кои државата е должна да ги спроведе, и дека продолжува практиката на институционално одолговлекување и непочитување на законите и меѓународните обврски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img