домаМакедонијаДржавата не инвестира во домови за повозрасни лица

Државата не инвестира во домови за повозрасни лица

- Advertisement -spot_img

Бројот на повозрасни граѓани расте, а со тоа растат и потребите за соодветна грижа и сместувачки капацитети.

Додека државните домови за стари лица немаат доволно капацитети, а приватните за многумина се прескапи, Претседателот на Владата денеска присуствуваше на пуштање во употреба на приватен дом за стари лица во општина Илинден.

Според премиерот ваквите вложувања се дел од решението за растечките потреби на возрасното население….Но, вели дека се планира да се зголемат и државните капацитети за згрижување на стари лица…

Христијан Мицкоски – Претседател на Влада

„Два се во постапка на изградба а во иднина се разбира дека во рамките на приоритетите ќе продолжиме и во таа насока“.

Дел од здруженијата на пензионери велат дека добро е да се отвораат приватни домови, но државата мора да инвестира и во проширување на државните капацитети, особено во градовите во внатрешноста, за достоинствена старост да не биде привилегија само за оние што можат да ја платат.

Трајче Станојков – Здружение на пензионери

„Приватните домови добро е што се направени во државата без разлика на тоа што се приватни, но цената во приватните домови е повисока, повеќе од 40.000 денари по човек, пензионерите кои немаат услови и можности каде остатокот од староста го поминат да може да бидат на некој начин згрижени и со една помала сума на средстсва да може секој да го поднесе и да го плати бидејќи ние имаме и социјална категорија на пензионери коишто едвај преживуваат“….

Според последните податоци, земјава има 5 државни установи и 40 приватни за сместување на стари лица. Цените во приватните домови се повисоки од оние во државните и се движат од 40.000 денари па нагоре. Цените во државните домови се пониски, но листите на чекање се долги.

Последниот попис покажа дека во Македонија има се повеќе стари лица, а државниот ревизор неодамна предупреди дека има многу малку капацитети за згрижување.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img