Италијанската полиција денеска соопшти дека државјанинот на Бангладеш, Шахадат Хосаин (43), по кого се трага, е осомничен за тројно убиство на едно семејство во Рим, извршено синоќа.
Покрај фотографијата од осомничениот за тројното убиство, полицијата објави дека Хосаин е роден во Бангладеш на 10 мај 1983 година, пренесува ANSA.
Граѓаните се повикуваат да стапат во контакт со полицијата доколку имаат какви било информации за Хосаин.
Тројното убиство се случило во стан во римската населба Пинета Сакети, каде што биле пронајдени телата на брачниот пар и нивната осумгодишна ќерка.
Жртвите се идентификувани како Камал Удин, неговата сопруга Хоснеџахан Момотаи и нивната ќерка Арова.
Сите биле со потекло од Бангладеш и, според истражителите, немале криминално досие.
Во нападот бил повреден и најстариот син, кој неодамна наполнил 20 години.
Тој бил пренесен во болница и не е во животна опасност.
За време на истрагата, полицијата одзела сатар пронајден во станот, за кој истражителите се сомневаат дека била употребен како оружје при извршувањето на убиството.








